Македонија и Италија споделуваат заеднички важни врски, оценија претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски и Карло Ромео, новоименуваниот италјански амбасадор во Македонија на денешната средба во Скопје.
На средбата, информираат од Собраниската прес-служба, се разговарало за актуелната политичка состојба во Македонија, важните предизвици со кои се соочува и идните аспирации.
Италијанскиот амбасадор Ромео потенцирал дека неговата земја е голем поддржувач на Македонија на нејзиниот пат кон евро-атлантските интегративни процеси.
Вељаноски, пак, го информирал амбасадорот за своите две посети во Рим кои беа остварени во текот на оваа година, а беа по повод одбележувањето на празникот на сесловенските просветители, светите Кирил и Методиј.
Двајцата соговорници разговараа и за предизвиците со кои се соочуваат двете земји во поглед на мигрантската криза. На средбата, исто така, се разговараше за можна идна соработка во повеќе области.