Вељаноски: Не чувствувам вина за упадот во Собранието

Од:

Поранешниот претседател на Парламентот, Трајко Вељаноски, што туку излезе од основниот суд Скопје 1 каде беше повикан на распит за насилниот упад во Собранието од 27 април 2017 година.

Тој не сакаше да даде изјава за медиумите, само истакна дека дал исказ пред судот и дека не чувствува вина за упадот во Собранието. Вељаноски посочи дека не бил дел од организацијата на насилниот упад.

Тој е актуелен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и има пратенички имунитет.

Од обвинителството претходно посочија дека тие доставиле предлог за определување на мерка притвор за осомничените.

Собранието, пак  се’ уште нема добиено барање за одземање имунитет на пратеникот Вељаноски. Ако такво барање пристигне, од Собранието посочија дека ќе постапат согласно Деловикот.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски