Вељаноски: Денот на востанието го означува почетокот на конечната борба за слобода на Македонија

Од:

Во модерна Македонија совршено јасно се отсликуваат вредностите кои ги имаат втемелено учесниците во Народноослободителната борба, а ние денес, продолжи тој, живееме токму по начинот за кој тие се залагале -македонскиот народ живее во мир со сите народи кои ги почитуваат принципите на братство, еднаквост и солидарност. Взаемната почит е темел за добри односи и добар соживот.

По повод 11 Октомври-Ден на востанието, вечерва во Домот на АРМ се одржа свечена академија на која се обрати претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.

11 Октомври е денот кога беше извојувана една од последните големи историски битки на народот на Македонија, и овој ден, како што истакна Вељаноски, го означува почетокот на конечната борба за слобода на Македонија.

– Партизаните верувајќи во своите цели посветено се изборија за слободна и независна Македонија, рече претседателот на Собранието.

Во модерна Македонија совршено јасно се отсликуваат вредностите кои ги имаат втемелено учесниците во Народноослободителната борба, а ние денес, продолжи тој, живееме токму по начинот за кој тие се залагале -македонскиот народ живее во мир со сите народи кои ги почитуваат принципите на братство, еднаквост и солидарност. Взаемната почит е темел за добри односи и добар соживот.

– За прв пат во поновата историја, Македонците имаат своја држава и своите намери најјасно ги истакнуваат преку желбата за мир и изземањето од сите воени дејствија кои ја опустошуваа до тогаш заедничката држава. Ваквата определба на нашиот народ е доволен доказ за мирољубивоста на Македонија. Впрочем оние кои знаат што значи да се војува, да се губат блиските, да се одземе туѓ живот знаат дека војната е последната опција. Мудроста која нашиот народ ја стекнал низ вековите говори дека по оружје се посегнува само тогаш кога нема друг излез, истакна Вељаноски.

Таа посветеност и денес се искажува преку инволвираноста во светската борба за еднакви права и слободи за сите народи. Ние веруваме во еднаквост и слобода на секое човечко суштвество.

– Тие наши идеали се поклопуваат со оние на НАТО-алијансата, што е и главната причина за успешното пријателство и сојузништво со земјите членки на оваа организација, рече спикерот на Парламентот.

Осврнувајќи се на денес објавениот Извештај на ЕК за напредокот на Македонија, истакна Вељаноски, тој е најсилната и најдобрата потврда за тоа.

– Македонија искрено и посветено работи на остварување на оваа благородна идеја. Признанието од страна на Унијата, преку чистото досие на Македонија е силен сигнал за исправниот пат по кој чекориме. Реформите и модернизацијата немаат алтернатива, најдобриот рецепт за тоа е токму ЕУ. Денешната валоризација од страна на ЕК за нашите залагања, треба да биде дополнителен стимул за сите нас, рече спикерот.

Тој посака на овој ден освен на големите војсководци за кои често си спомнуваме, да им се поклониме и на безбројните анонимни херои на македонската борба за слобода и независност.

На Свечената академија по повод 11 Октомври се обрати и Тодор Атанасовски, кој ги замоли присустните со едноминутно молчење да им се одаде почит на сите загинати и починати борци од НОБ.

На свеченоста присуствуваа и претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски, претставници на дипломатскиот кор и на здруженијата на борците од НОВ.

Централното одбележување заврши со концерт на Македонската филхармонија

МИА

Би можело да ве интересира

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

Орце Костов

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска

Денот на сесловенските просветители неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска

Националниот ден на Власите, 23 мај – неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница

Ана Ололовска

Првиот ден на Рамазан Бајрам неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска