Вељаноски: Да продолжиме да ја градиме Македонија како успешна, вечна приказна

Од:

Куќата на Македонија е изградена, а нашата најсвета обврска е да ја сочуваме. Нашите предци не ни оставија минато од кое треба да се срамиме и затскриваме и затоа тоа треба да го славиме. Пред Македонија претстои постојана борба за освојување на слободата. Таа борба денес се води за просперитет, за развој, за повисок стандард и за подобар живот… Наша задача како генерација е таа борба да ја водиме бескомпромисно… Македонија секогаш била на вистинската страна.

Ова претпладнево во Меморијалниот центар АСНОМ во кумановското село Пелинце го истакна претседателот на Собранието Трајко Вељаноски во говорот по повод Денот на Републиката. Тој повика на единственост и слога.

Потребно ни е единство како никогаш порано. Повикувам конечно да ги оставиме разликите зад нас. Да бидеме сложни околу напредокот. Да си подадеме рака за да направиме уште повеќе и уште подобро. Да застанеме сите под бајракот на слободна и просперитетна Македонија. Заедно како што тоа го правеа нашите татковци, нашите дедовци, да продолжиме да ја градиме Македонија како успешна, вечна приказна, во која демократијата и благосостојбата се наше секојдневие кое постојано го развиваме. Да бидеме првите што ќе дадат пример. Одговорноста за развивање на Македонија е поголема од било која разлика која постои и која не раздвојува, истакна претседателот на Парламентот.

Потсетувајќи на подвизите на илинденците во 1903 и на борците во НОБ на кои се темели современата македонската држава, Вељаноски рече дека со векови предците го чувале и пренесувале нашето битие и дека таа обврска треба да продолжи.

Ние не смееме на нашите поколенија да им оставиме земја и народ обезличени и без корен. Дрвото без корен е осудено да изгние. Токму ваквите мигови и светли датуми се време кога секој од нас треба да се запраша што бил мотивот на плејадата од херои кои ги дале своите животи пред олтарот на слободна и независна Македонија. …Сонот успеа да опстои како илинденски и асномски идеал преку 8 септември 1991 се до ден денешен, а убеден сум дека ќе опстои засекогаш…Затоа тука од Пелинце заедно да кажеме: Нашиот идентитет е нашето постоење, коренот на животот. Силни и обединети продолжуваме да правиме многу повеќе затоа што друг пат не постои. Денес нашата задача е да ја внесенеме Македонија во НАТО и ЕУ. Сплотеноста е патот. Ако нема сплотеност, нема ниту напредок, нагласи Вељаноски.

Во својот говор тој се осврна и на заначењето на добрососедските односи во градењето просперитетна иднина.

Напредокот е тоа кон што се стремиме, а ако тој некогаш независно од нашата волја и посветеност, може да биде попречуван од ирационални спорови. Но, дека аргументите се поважни од силата, дека правдата ја поразува неразумноста се покажа и со одлуката на Судот во Хаг во спорот што го имаме со соседна Република Грција. Добрососедските односи и духот на соработка немаат алтернатива. Република Македонија отсекогаш е посветена кон развивање на односи на соработка на сите полиња со сите наши соседи. Тоа е принцип кој мора да се почитува. Само така, сите заедно можеме да изградиме стабилен и просперитетен регион, но во исто време и економски, културен и секаков друг напредок на секоја држава одделно, рече Вељаноски во обраќањето по повод Денот на Републиката 2 Август.

Би можело да ве интересира

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

Орце Костов

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска

Денот на сесловенските просветители неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска

Националниот ден на Власите, 23 мај – неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница

Ана Ололовска

Првиот ден на Рамазан Бајрам неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска