Велика Британија финансиски ќе ја помогне изградбата на новиот Клинички центар

Од:

Министерот за здравство Фатмир Меџити во рамки на работната посета на Обединетото Кралство се сретна со министерот за извоз, оддел за бизнис и трговија Лорд Малколм Офорд од Гарвел, на којашто беше искажана подготвеност од нивна страна за поддршка при финансирање на проектот за изградба на новиот Универзитетски Клинички центар информира министерството за здравство.

– На средбата, министерот Меџити ја поздрави континуираната поддршка што Република Северна Македонија ја добива од Обединетото Кралство, која е втор најголем економски партнер на нашата земја. Тие разговараа за имплементација и промоција на извозната стратегија во здравствениот сектор и испорака на надворешни директни инвестиции како дел од надлежностите на министерот за извоз при Обединетото Кралство. Министерот за извоз, Лорд Офорд од Гарвел изрази поддршка и подготвеност за воспоставување на соработка во сите области кои се во интерес на граѓаните на двете земји, се вели во соопштението од МЗ.

Би можело да ве интересира

Черчил и Џејн Остин ги менуваат со жолт бумбар, ајкула, пеперутка…

А1он

Серија трагедии по топлотниот бран во Велика Британија – 17 починати за 8 дена

А1он

Жена e убиена во пукотница во Шефилд, тројца се уапсени

Маја Сиванјанам е новата амбасадорка на Велика Британија во Македонија

Иран им се закани на Велика Британија и Франција

Катерина Ѓуровски

Се создава сојуз на „северни морнарици“ за да се спротивстави на Русија

Катерина Ѓуровски