Велешкото обвинителство поведе постапка за шест лица​ кои не го почитувале полицискиот час

Од:

Основното јавно обвинителство Велес поднесе предлог за изрекување казни во висина од по 800 евра за шест лица кои не го почитувале полицискиот час за време на викендот.

– Обвинетите за време на викендот не го почитувале полицискиот час воведен за време на викендот како мерка за спречување на пандемијата прогласена од страна на Генералниот секретар на Светската здравствена организација поради опасна заразна болест Ковид-19 поради што и е утврдено постоење на вонредна состојба на територијата на Република Северна Македонија. Тие за време на полицискиот час се движеле пеш или со возила низ Велес, стои во соопштението од ОЈО.

Основното јавно обвинителство Велес со поднесените предлози од Судот побара на секој од обвинетите да им изрече парична казна во висина од 40 дневни глоби при што вредноста на една дневна глоба да се определи во висина од по 20 евра во денарска противредност.

Би можело да ве интересира

Син нападна мајка во Велес

А1он

Од сабота „Безбеден град“ ќе се применува и во Велес

A1on

Пожар кај Автобуската станица во Велес зафати шест возила, интервенираа пожарникарите

Приведени двајца малолетници во Неготино, проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција

Двајца измамници измамиле велешанка за околу 5.000 евра и се обиделе да измамат уште 10 други повозрасни лица

Горан Наумовски

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски