Велешката полиција за два дена привела тројца велешани поради пуштање во промет на опојни дроги

Од:

Три лица се приведени во Велес изминатите два дена поради поради пуштање во промет на опојни дроги, соопшти СВР Велес.

Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски изјави дека вчера во 11:00 часот на улица „Благој Киров“ од слобода се лишени И.Г.(24) и М.Г.(43) од Велес поради основано сомнение за извршено кривично дело по член 215 од КЗ на РМ, „недозволено производство и пуштање во промет на опојни дроги“.

Како што појасни портпаролот Верољуб Додевски при претрес кај лицата се пронајдени и одземени поголеми најлонски кесиња најверојатно со марихуана.

На ул. „Родна Ивева“ завчера во 20:00 часот од слобода бил лишен Р.У.(19) од Велес поради основано сомнение за извршено на истото кривично дело.

– При претрес на лицето пронајдени се и одземени две помали кесиња најверојатно со хероин и кесе со околу 50 грама најверојатно марихуана, појасни Додевски.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Спречен е транспорт на дрога во близина на Градско, уапсени се две лица

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он