Велешанец починал откако бегал од полицајци кои сакале да го казнат за неносење маска

Од:

60-годишен жител на Велес починал вчера откако му се слошило во полициската станица во градот, соопшти Министерството за внатрешни работи. Велешанецот бил запрен од полицајци кои го легитимирале со намера да му издадат глоба за неносење заштитна маска, но тој го оттурнал еден од нив и почнал да бега.

Човекот по кратко време бил фатен и полицајците го спровеле во станицата, каде му се слошило, а починал нешто подоцна во велешката болница, се додава во соопштението.

„Вчера во 13.40 часот на ул.„Никола Карев“ во Велес при легитимирање на З.П.(60), тој го турнал полицискиот службеник и се дал во бегство, но набрзо бил лишен од слобода и приведен во полициска станица,“ велат од МВР.

„Кога З.П. бил донесен во полициската станица, му се слошило и била повикана екипа на итна медицинска помош, која откако му пружила помош, го пренела во Медицински центар во Велес, каде по кратко време починал,“ додаваат од полицијата.

Известен е јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција во Институтот за судска медицина.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден штипјанец донесен во Клинички, тврди дека го тепал болничар во установа во гевгелиско

Катерина Ѓуровски

Изгоре куќа во селото Пирава, пронајдено тело

ВИДЕО: Расправија па тепачка меѓу тетовец и кумановец, МВР објави детали за инцидентот на скопскиот аеродром

Мексиканец со лименка пиво удрил полицаец на „Октобер фест“ во Ѓорче Петров

Катерина Ѓуровски

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Загина 67-годишен охриѓанец во несреќа со мотор

Катерина Ѓуровски