Велешанец изгоре во пожар во сопствената куќа

Од:

Педесет и осумгодишен велешанец изгоре синоќа во сопствениот дом на улицата „Коле Цветков“ кај Црна Џамија, потврдија за МИА портпаролот од СВР Велес Ристе Самарџиев.

Од Службата за итна помош, пак, додаваат дека во домот на изгорениот велешанец бил и неговиот брат, која бил затруен со јаглерод моноксид, но бил спасен со нивна брза интервенција.

-Беше спречена поголема трагедија бидејќи неговиот 60-годишен брат беше затруен со јаглероден моноксид, но со Брзата интервенција на Службата за итна помош тој бил реанимиран и препратен на Интерно одделение при Општа болница Велес, информира за МИА доктор Тања Мишева од службата за Итна Помош.

Како што појасни таа, кај изгорениот во пожарот, 58-годишниот М.Ц, на местото на настанот смрт констатирал дежурниот лекар доктор Жарко Манасков.

Од ТППЕ Велес информираат дека тие пријава за пожар добиле во 3:55 часот по што интервенирале со шест пожарникари и две возила и успеале пожарот да го изгаснат утрово околу 5 часот.

Инаку, полицијата на увид била повикана во 4:27 часот. Екипи на СВР Велес од крим-техника и јавен обвинител направиле увид на настанот со цел да се утврдат причините на пожарот.

Би можело да ве интересира

Пожар во Еврејска болница во Берлин, неколку лица се повредени, уапсен е пациент

Голем пожар избувна во индустриска зона во Нови Пазар

А1он

Во велешката болница донесено е починато 6-годишно дете од Градско

А1он

Сопственичката на ноќниот клуб во Швајцарија избега со полна каса пари додека луѓе гинеа во пожарот

А1он

Маж загина во пожар во болница во близина на Тулон, 32 лица се евакуирани

Младиот Стивен Ивановски меѓу починатите во пожарот во Кран Монтана

Предраг Петровиќ