Вечерва неколку студенти од Студентскиот пленум се контактирани и повикани на разговор од страна на МВР.
АПЕЛИРАМЕ до сите оние кои се контактирани, или во иднина ќе бидат да го сторат следново:
1.Прашајте зошто сте повикани на разговор!
2.Понатаму не разговарајте со никого во полициските станици и бранете се со молчење се додека не е присутен адвокат или правник со вас!
3. Не потпишувајте никакви изјави (што беше случај со средношколските протести минатиот месец) без претходно да бидат прочитани од лице кое го познава правото!, велат од Студентскиот пленум.