Вечерва инспекторите влегуваат во „Градиште“, ќе казнуваат за хаосот од претходните денови

Од:

На трите плажи „Градиште“ не се почитувала дистанцата од два метри како мерка за заштита од коронавирусот, но пазарните инспектори немаат казнето ниту една од фирмите кои поставуваат лежалки и маси, бидејќи плажите немаат легален стопанственик. Цветко Ристески, раководител во Пазарната инспекција за охридскиот регион, вели дека се прибираат информации за прекршителите на мерките, а инспекторите вечерва ќе отидат на плажите за да се сретнат со управителите бидејќи претходно не можеле да ги најдат. Потоа, според него, ќе се одлучи дали фирмите ќе заработат прекршочна казна или ќе се оди чекор понатаму, па ќе бараат кривична одговорност.

„На ‘Градиште’ е проблематично. Не може да се обезбеди кој е вршител на дејноста, а во текот на денов, дадовме задолжувања инспекторите вечерва повторно да отидат на плажите, бидејќи лицата кои ги затекнавме се правдаа дека управителот не е тука, во Скопје е. На плажата нема дистанца. Главниот проблем не е во објектите, туку надвор од нив. Ако се констатираат прекршоци, ќе се поднесе прекршочна пријава, а ако повторно не се почитуваат мерките ќе се бара кривична пријава и построга санкција. Прекршочните пријави, според Законот за угостителска дејност се движат од минимални 250 евра до 1000 евра. Контролата по другите плажи покажа дека се почитуваат мерките за заштита од вирусот, но само на оние кои имаат организатори. На пример, пред хотелот ‘Метропол’ се беше во ред, а подолу, спрема универзитетското одморалиште каде има слободна плажа, немаше дистанца. Исто е и со плажата ‘Горица 3’“, вели Ристески за „А1он“.

Според него, Охрид има проблем со капацитетите кои се помали споредено со бројот на туристи кои доаѓаат. Тој вели дека се координираат до сите институции и очекува сите да ги преземат потребните мерки за да се справат со прекршителите.

„Пред бродовите е хаос, полно е со деца, и млади, не одржуваат дистанца. Тоа е под надлежност на бродската служба и тие треба да се справат со проблемот“, вели Ристоски.

Ристоски вели дека инспекторите досега не се соочиле со притисоци и закани при постапување и казнување на лица кои не ги почитувале мерките за заштита од вирусот.

Би можело да ве интересира

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски

Шести ден без струја во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид

Министерство за транспорт: Инспекторатот ќе отстрани нелегален објект во старото градско јадро на Охрид

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион