Вебинар за изучување на холокаустот во соработка со Израел

Од:

Одделот за образование и истражување на Холокаустот при Институтот за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје, денеска официјално го започнаа онлајн вебинарот за Холокауст-образование во соработка со Јад Вашем, најголемиот светски истражувачки, едукативен и музејски центар од Ерусалим, Израел, кој ќе трае до 25-ти јуни.

Под покровителство на Министерот за образование и наука д-р Арбер Адеми и специјалниот преставник за холокауст образование д-р Игор Јуруков учество земаа 45 професори и наставници од целата земја, а како поддршка на семинарот со кратки обраќања се обратија и израелскиот Амбасадор Дан Оријан и в.д. амбасадорот Александар Аврамовски од македонската амбасада во Тел Авив.

– Со зборови на поддршка кон охрабрувањето за изучување на холокаустот со свој говор се обрати и директорката за интернационална соработка на Јад Вашем д-р Рахел Бад Каплан, која го истакна особено нашето партнерство како многу значајно за промоција на оваа тема во рамките на Балканот, посочија од Институтот за културно и духовно наследство на Албанците.

Одделот за образование и проучување на холокаустот во рамките на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците официјално започна со работа минатата година, а веднаш потоа министерот Арбер Адеми ја потпиша и заедничката декларација со Јад Вашем за заедничка соработка и едукација на македонските професори во центарот во Ерусалим.

– Од Одделот за образование и проучување на холокаустот се обрати и г-ѓа Маја Суша, која истакна дека ова претставува дел од нивната стратегијата која започна конечно да се применува директно во рамките на државниот образовен систем и формалното образование со што голем дел од учесниците ќе имаат можност да добијат високо квалитетно образование и насоки, но и материјали и алатки за користење при наставата за холокаустот, директно од Одделот за образование и проучување на холокаустот при ИДКНА, истакнаа од Инстутутот.

Посочија дека директорот на ИДКНА, д-р Скендер Асани во рамките на отварањето на вебинарот истакнала дека сите заложби започнале со поддршка и иницијатива на невладиниот сектор, а особено на невладината организација „АКТА НОН ВЕРБА“, која работи посветено за промоција на холокауст образованието во рамките на државните институции на целиот Балкан и со цел институционализирање на холокауст образованието во формалното образование.

Би можело да ве интересира

Повици за парични награди за освоени медали на научни олимпијади и за први три места на меѓународни натпревари по математика и природни науки

Во Штип се одбележаа 81 година од депортацијата на Евреите во логорот на смртта „Треблинка“

Имате стипендии на сметките, не дозволувајте манипулации им порача на студентите министерот Шаќири

Објавени се резултатите од конкурсите за доделување ученички стипендии за учебната 2023-2024

Објавени повиците за финансиска поддршка за ученици и студенти

Катерина Ѓуровски

Касами го обвини Министерството за образование дека не ги исполнува обврските кон тетовската гимназија