Вашингтон пост: Македонија е мала земја со огромен проблем со Русија

Од:

Вашингтон пост – Вашингтон

Во изминатите неколку недели, парада високи западни официјални лица поминаа низ Скопје, скромниот главен град на малата Република Македонија, која е помала од Мериленд и има население од едвај два милиони жители.

Најновиот ВИП, во понеделникот, беше секретарот за одбрана Џим Матис, кој ја нарече Македонија „сигурен безбедносен партнер и ценет придонесувач за глобалниот мир и безбедност”. Зошто толкава врева? На 30 септември, граѓаните ќе гласаат дали да го сменат името на земјата во Северна Македонија за да стави крај на деценискиот спор со соседна Грција и да го отвори патот за членство во Европската унија и НАТО.

Тој избор, пак, го допре другиот геополитички натпревар меѓу Западот и Русија, која прави се што може за да го поткопа грчко-македонскиот договор и со тоа да го блокира проширувањето на НАТО. Она што е впечатливо е разликата во тактиката: Додека западните демократии им се додворуваат на Македонците со настапи и говори како оние на г-дин Матис и германската канцеларка Ангела Меркел, Русија спроведува скриена пропагандна кампања, ги поплавува социјалните медиуми со лажни вести и субвенционира локални екстремисти кои организираат протести. – Без сомнение, (Русите) префрлија пари и тие, исто така, спроведуваат кампањи за пошироко влијание, рече Матис.

Операцијата на Москва личи на оние што ги спроведе во САД, Велика Британија и другите демократии пред неодамнешните избори. Главна карактеристика се лажните профили на социјалните медиуми кои шират отровни и погрешни информации. „Њујорк тајмс” цитираше западните дипломати, велејќи дека десетици нови страници се појавуваат секојдневно на Фејсбук, барајќи бојкот на референдумот; а некои ги советуваат луѓето да ги запалат нивните гласачки ливчиња. Тие продаваат лаги за полициски напади против противниците на промена на името. Еден активист од граѓанското општество, изјави за „Тајмс” дека фотографија на познат пејач, кој бил нападнат во домашен инцидент, циркулира по социјалните мрежи со тврдењето дека била повредена додека протестирала.

Одлучноста на режимот на Владимир Путин да го уништи договорот за името, дури и на сметка на пријателските односи со Грција, е поучна. Македонија не граничи со Русија, но е опкружена од три страни од земји-членки на НАТО. Таа не претставува никаква закана за Русија, но нејзиниот влез во трансатлантскиот сојуз и европската заедница ќе помогне да се стабилизира историски тензичниот агол на Европа. Кампањата на Москва за поткопување е уште еден потсетник дека Путин ги разгледува односите со Западот во остри услови на победник-губитник: Секоја придобивка на демократиите, колку и да е мала, се смета за смртна закана.

За сега, изгледа дека отворените жалби на Западот ќе ги покорат руските подметнувања. Анкетите покажуваат дека предлогот ќе помине на референдум, што ќе му даде на македонскиот парламент основата за одобрување на потребните уставни промени. Но, без оглед на исходот, една порака од Македонија е јасна: Путин останува наклонет кон поткопување на Западот и неговите институции секогаш кога и каде и да може.

Би можело да ве интересира

ИЈЗ: Регистриран прв случај на зика вирусот во земјава, пациентот се заразил на Малдивите

Поранешниот прв човек на ФФМ Илчо Ѓорѓиевски со уште две лица одат во 30-дневен притвор, за пет лица одреден куќен притвор

Европската организација за закони за игри на среќа (EOGL) со предупредување до Собранието: Оданочувате загуби и уништувате легален сектор, државата се соочува со милионски меѓународни арбитражи

Градоначалникот Ќира се прогласи за ненадлежен за криминалот со плажите во Струга

Предраг Петровиќ

Обвинителството бара притвор за осум и мерки за претпазливост за четири лица уапсени во рамките на истражната постапка за проневера на над 180 милиони денари во ФФМ

Предраг Петровиќ

Крстевски од „Сакам да работам“: Заложници сме на различни политички структури кои си поигруваат со нашите судбини