Васев уште е во полициска станица, обвинителството треба да одлучи какви мерки ќе бидат побарани

Од:

Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, доктор Нино Васев и другите тројца приведени за предметот кој обвинителството го оформи за Онкологија се сеуште во полициска станица.

Обвинителството има уште неколку часа да одлучи какви мерки ќе бидат побарани за нив, бидејќи во полициска станица може да бидат задржани најмногу 24 часа.

Васев вчера, заедно со други тројца вработени Клиниката за онкологија беше приведен откако по налог на обвинителството, полицијата вршеше претреси.

Вчера директорите на клиниката, Виолета Клисарова и организацискиот директор, Халид Матоши, потврдија дека тие се уапсени од просториите на клиниката.

Би можело да ве интересира

Азизи: Зајакнувањето на истражниот центар, постапувањето по црните листи и борбата против перењето пари се клучни приоритети во кандидатурата за шеф на ОЈО ГОКК

Предраг Петровиќ

На Михаилова и беа одземени две патни исправи, а имаше и забрана за преминување на граница со лична карта, извести Обвинителството

Горан Наумовски

Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрага

Предраг Петровиќ

Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка за храна

Предраг Петровиќ

„Онкологија“: Вештото лице одговараше за критериумите за онколошки третман, судот го одби барањето на Васев за изземање на Ристески

Почна постапката за избор на наследникот на Ислам Абази

Горан Наумовски