Варвициотис: ЕУ да биде доследна и кредибилна во обврските кон Западен Балкан

Од:

Потребата, Европската Унија да биде доследна и кредибилна во обврските за Западен Балкан и подготвеност Грција да преземе конструктивна улога во интегративниот процес на регионот, изрази алтернативниот шеф на грчката дипломатија Милтиадис Варвициотис на средба со европскиот комесар за проширување и соседство Оливер Вархеји, соопшти грчкото Министерство за надворешни работи.

Варвициотис уште еднаш ја повторил цврстата поддршка на Грција за проширувањето на ЕУ со земјите од регионот, а го информирал еврокомесарот Вархеји и за иницијативата од минатата среда во Солун, кога Западен Балкан беше вклучен во дијалогот за иднината на Европа.

Според Кабинетот на Варвициотис, Вархеји изјавил дека е особено задоволен од грчката иницијатива и ја поздравил активната улога на Грција во промоцијата на европската идеја на Балканот.

– На комесарот Вархеји денеска му потенцирав дека Грција цврсто ја поддржува ЕУ перспективата на Западен Балкан. ЕУ треба да биде доследна и кредибилна кон нив. Ќе продолжиме, на нашите соседи да им ја промовираме европската идеја, бидејќи ЕУ е посилна кога е обединета, напиша Варвициотис на неговиот официјален Твитер профил.

Еврокомесарот за проширување и соседство, исто така на Твитер му се заблагодари на алтернативниот шеф на грчката дипломатија, за како што нашиша, добрата дискусија и додаде дека ќе работат заедно на нивните приоритети.

Би можело да ве интересира

Романо Проди: Ако АфД победи на изборите во Германија, со ЕУ е завршено

А1он

Тепачка за лежалка на плажа во Грција – почина 82 годишник

А1он

За смртта на грчкиот пејач Мазонакис двајца лекари обвинети за убиство со евентуална умисла

А1он

Затвореник избега од болница во Грција

А1он

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски

Мерц: „Не може проблемите на 21 век да се решаваат со буџет од 20 век“