Вархеји: Сѐ помали шанси за Северна Македонија, земјата мора да вложи дополнителни напори

Од:

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, изјави денеска дека сѐ помали се шансите дека Северна Македонија и Албанија до крајот на годинава ќе ги започнат преговорите за пристап во Европската унија.

„Сѐ уште се надевам, но за жал, сѐ помалку е извесно дека оваа година можеме да ги усвоиме преговарачките рамки,“ рече Вархеји во надворешно-политичкиот одбор на Европскиот парламент, за време на расправата за ситуацијата со Западниот Балкан, 25 години по Дејтонскиот договор.

Еврокомесарот додаде дека Европската комисија и германското претседателство со ЕУ и натаму работат со земјите-членки на обидите да се најде решение за новиот евроинтеграциски исчекор на Скопје и Тирана.

Според Вархеји, Македонија „мора да вложи дополнителни напори за да им излезе во пресрет на загриженостите на Бугарија“, за да се најде решение кое ќе биде прифатливо за двете земји.

Би можело да ве интересира

Левица: Прифаќаме преговори, но сме против билатералните уцени од Бугарија како предуслов за евроинтеграција

А1он

Бугарија не учествува во никакви консултации за повторно преговарање за обврските на Македонија, вели Петрова

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Мицкоски очекува „коњопој средба“ во Софија

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Фон дер Лајен му рекла на Мицкоски да закаже разговор во Софија, Македонија ќе добие патокази кога ќе се одблокира процесот

Катерина Ѓуровски

Софија одговори на идејата ЕУ да биде вклучена во разговорите со Македонија, потсетува дека обврските остануваат