Вархеји: Работиме напорно да му помогнеме на регионот и го исполниме ветувањето за Западен Балкан да влезе во ЕУ

Од:

Можете да сметате на нашата посветеност и поддршка за Западен Балкан. Работиме напорно да му помогнеме на регионот со нови можности за бизниси и граѓани и да го исполниме ветувањето за Западен Балкан да влезе во ЕУ, истакна еврокомесарот Оливер Вархеји во видео-обраќањето на Вториот економски форум во Скопје во организација на Делфи Економскиот форум и Грчката бизнис асоцијација, со фокус на просперитетот на регионот во време на пресврти.

Тој се осврна пред се, на економската поддршка за регионот посочувајќи на економскиот план за инвестиции што беше лансиран пред две години во рамки на кој досега се усвоени 40 водечки проекти – грантови во вредност од 1,8 милијарди.

-Овие проекти влијаат врз растот, забрзувањето на соработката меѓу Западен Балкан и ЕУ и треба да ги подобрат транспортната, дигиталната и енергетската поврзаност со ЕУ. Овие инвестиции ќе го поттурнат регионот напред со креирање на работни места и раст. Го прославивме Белградскиот договор за финансирање со ЕИБ и ЕБРД со водечки проекти во вредност од 2,4 милијарди евра. Зборувавме за Коридорот 10 – железничкиот коридор што го поврзува ЕУ преку Србија, Бугарија, Северна Македонија со Грција со пристаништето во Солун. Градиме зелени патишта не само меѓу земјите, туку и меѓу нашите региони – ЕУ и Западен Балкан, истакна еврокомесарот.

Посочи дека минатата година во рамки на Берлинскиот процес е постигнат значен продор на регионалниот пазар.

-На самитот на Берлинскиот процес минатата година видовме продор на регионалниот пазар каде што земјите од Западен Балкан потпишаа три договори за мобилност. Сега е важно да се ратификуваат и да се спроведат овие три договори за граѓаните да може да патуваат, работат и шетаат низ регионот како што можеме во ЕУ. Декларацијата за намалување на цените на роаминг со Западен Балкан е во остварување и тоа ќе е од корист за сите граѓани и ќе ги отстрани бариерите, подвлече Вархеји во своети видео обраќање..

На вториот панел, покрај Вархеји ќе се зборуваат и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, Мартин Дворжак, заменик министер за надворешни работи на Чешка и евроамбасадорот Дејвид Гир.

Форумот го отвори премиерот Димитар Ковачевски, а најавено е учество на повеќе политичари меѓу кои и премиерите на Косово и Црна Гора, Албин Курти и Дритан Абазовиќ.

Би можело да ве интересира

Мртов маж пронајден во својот дом во Кочани

Вархеји: Се надевеме дека сите страни ќе ги поддржат уставните измени со цел Северна Македонија да оди напред

Ковачевски-Вархеји: Македонија треба што поскоро да е дел од ЕУ

Борел и Вархеји пристигнаа во Скопје

Ана Ололовска

Се бара оставка од Вархеји откако вчера нарече европратеници „идиоти“

Вархеји: Софија и Скопје да ги намалат тензиите, одговорните за инцидентите да се соочат со правдата

Катерина Ѓуровски