Ковачевски-Вархеји: Македонија треба што поскоро да е дел од ЕУ

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски, денеска во Тирана, Албанија, во рамки на неговото учество на Самитот на лидери на Берлински процес, оствари работна средба со Комесарот за соседска политика и проширување на Европската Унија, Оливер Вархеји. На средбата како дел од владината делегација беше и вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.

На средбата беше потврдена цврста поддршка на ЕУ за проширувањето со земји од Западен Балкан, и беше истакнато дека Северна Македонија, како партнер од доверба и земја која последните шест години направи огромен исчекор во возобновување и развој на демократијата и демократските процеси, треба што поскоро да е дел од Европската Унија информираат од Владата.

– Соговорниците разменија мислења и информации за актуелните политички состојби во Република Северна Македонија, поврзани со продолжувањето на европскиот пат на земјата и чекорите и одлуките кои треба да се преземат за да се обезбеди продолжување на евроинтеграциите и конечно полноправното членство на земјата во Европската Унија, а согласно утврдената Преговарачка рамка со ЕУ. На средбата се дискутираше и за Планот за раст на Европската комисија, кој што е оценет како добра шанса за Северна Македонија и нашите граѓани кои со овој план ќе почувствуваат дел од придобивките од членството во ЕУ уште пред да станеме членка. Како што беше разговарано, со овој план сме поблиску до целта, членство на Северна Македонија во ЕУ до 2030 година. Ковачевски истакна дека фокусот на Владата е насочен кон перспективата за членство во ЕУ и дека Владата останува посветена на европската агенда, имајќи го предвид фактот дека за членството во ЕУ има висока поддршка од граѓаните. Соговорниците изразија надеж дека сите политички чинители ќе ја имаат предвид неповторливата шанса за придвижување на земјата напред и ќе го исполнат барањето на граѓаните, земјата да стане полноправна членка на ЕУ, се вели во соопштението од прес службата на Владата.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: СДСМ е единствената политичка сила која може да ја внесе Македонија во ЕУ

Ковачевски: Не е точно дека со ДУИ договараме бојкот на изборите на 8 мај

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Денеска е првиот чекор кон големата одлука

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Закани и блокади не враќаат назад во минатото, никој не смее да си поигрува со иднината на државата

Ковачевски: Македонија, нема повеќе време за чекање, нема откажување од иднината

Ковачевски: ДПМНЕ на Мицкоски е истото ДПМНЕ на стиропор, насилници, криминалци, заплашени медиуми, на шепотење и страв

Орце Костов