Вархеји: Не би драматизирал околу прашањето со Бугарија, решение е можно

Од:

Еврокомесарот за проширување и добрососедство, Оливер Вархеји, одговарајќи на новинарско прашање рече дека во интерес на Бугарија и Македонија е да најдат решение за актуелното прашање околу историјата.

„Јас не би претерувал со драматизирање за ова прашање, но секако е сериозно“, рече тој.

Според него, без да се најде решение за ова прашање ќе биде тешко работите да се придвижат нанапред.

„Гледам посветеност од страна на премиерите Заев и Борисов, се надевам дека ќе успеат да најдат решение“, рече Вархеји.

Тој нагласи дека ЕУ ќе направи се што може за да помогне, бидејќи според него не е невозможно да се изнајде решение.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Нема уставни измени, ако треба ќе чекаме децении како што чекаа политичарите од Бугарија да го применат принципот на Живковизмот

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија