Вархеји му порачал на Османи дека се работи на старт на преговори годинава

Од:

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, кој утрово се сретна со министерот за надворешни работи, Бујар Османи, го уверил дека позицијата на Европската Комисија за старт на преговори останува непроменета.

По тет а тет средбата на Вархеји и Османи од Европската Комисија за МИА соопштија неколку детали за содржината на разговорите.

-Нашата позиција останува непроменета. Со нетрпение ја чекаме првата Меѓувладина конференција со Северна Македонија и Албанија. И двете земји ги исполнија условите и сега е на ЕУ да испорача, му порачал еврокомесарот на шефот на македонската дипломатија, вели портпаролката Ана Писонеро.

Од Европската Комисија додаваат дека сега откако поминаа изборите во Бугарија, Брисел се надева на брз напредок на терен во решавањето на отворените прашања помеѓу Скопје и Софија.

-Комисијата ќе остане во близок контакт со сите релевантни страни и ќе продолжи да работи со словенечкото претседателство за да се постигне нашата заедничка цел за одржување на првата Меѓувладина конференција со Северна Македонија и Албанија уште оваа година, велат од Европската Комисија и ги охрабруваат С.Македонија и Бугарија да изнајдат заеднички прифатливо решение за билатералните спорови, изјави Писонеро за МИА.

Одлуката за одржување на првата Меѓувладина конференција, која го означува формалното започнување на преговорите за членство со ЕУ, и усвојувањето на преговарачката рамка, се носи во Советот на ЕУ, односно на ниво на земјите членки. Европската Комисија има улога на предлагач.

За сега и покрај сите позитивни сигнали од Европската Комисија и од сите земји членки на ЕУ Бугарија сепак ја блокира Северна Македонија во процесот.

Надежта е дека до 31 декември ќе се изнајде решение. Министерот Османи вчера за МИА изјави дека “алармот е вклучен“ секаде во Европа како и во САД, но дека никој не може да гарантира дека Софија ќе го крене ветото.

Би можело да ве интересира

Радев и Вархеји очекуваат да поминат уставните измени веднаш по изборите на 8 мај

Орце Костов

Мртов маж пронајден во својот дом во Кочани

Вархеји: Се надевеме дека сите страни ќе ги поддржат уставните измени со цел Северна Македонија да оди напред

Ковачевски-Вархеји: Македонија треба што поскоро да е дел од ЕУ

Борел и Вархеји пристигнаа во Скопје

Ана Ололовска

Вархеји: Работиме напорно да му помогнеме на регионот и го исполниме ветувањето за Западен Балкан да влезе во ЕУ