Вархеји: Можно е раздвојување на Скопје и Тирана на патот кон ЕУ

Од:

Иако процесите за членство на Северна Македонија и Албанија во ЕУ досега течеа заедно, Брисел би можел да ги раздвои и да ги почне пристапните преговори со Тирана, доколку продолжи бугарската блокадата на Скопје и не се најде заеднички прифатливо решение со Софија, изјави еврокомесарот за проширување и соседска политика, Оливер Вархеји.

Тој за Еуроњуз вели дека ако продолжи застојот во случајот со С Македонија, ќе се разгледа можноста Албанија сама да продолжи на европскиот пат.

– Ако повторно наидеме на тешкотии со Северна Македонија, што значи дека не сме успешни во убедувањето на Бугарија и Северна Македонија за обострано прифатливо решение, тогаш прашањето е дали можеме да одиме напред само со Албанија. И ќе мора да го разгледаме тоа прашање, рече Вархеји.

За тоа дали формалното „раздвојување“ е опција, тој одговори: „Да, тоа би можело да биде опција“.

Можноста за раздвојување на Македонија и Албанија, Вархеји ја најави и за време на посетата на Скопје во вторникот.

-Напорно работиме на случајот на Северна Македонија, но уште не сме до посакуваната цел. Работиме со членките на ЕУ да се најде решениe и да се постигне согласност. Ова е процес кој се базира на постигнувања. Албанија ги има постигнато условите, но ако нема договор за Северна Македонија, мислам дека ќе дојде момент кога ќе треба да ја разгледуваме и таа опција. Разговаравме со Заев за ова прашање, се согласивме дека ќе мора да се постигне напредок од двете земји, рече Вархеји на прес-конференцијата во Скопје.

За разлика од Вархеји, некои земји членки на ЕУ како Германија и Австрија отворено се изјаснија против можноста да се разделат С Македонија и Албанија на патот кон ЕУ, поради бугарската блокада кон Скопје.

Вчера и премиерот Зоран Заев кажа дека Скопје и Тирана треба да одат заедно кон ЕУ.

-Треба да се движиме заедно, меѓусебно ќе си помагаме во целиот овој процес, рече Заев.

Упати и порака до ЕУ дека е исправена пред сериозен одговор, какви европски вредности и какви пораки ќе испрати кон Северна Македонија, кон Западниот Балкан, но и кон граѓаните на Унијата. Побара од Брисел да остане на ветеното и да го испорача тоа што земјава го има заслужено.

Би можело да ве интересира

Пленковиќ на самитот во Анталија повика да се одблокира македонскиот пат кон ЕУ

Жарко Настоски

Пендаровски се сретна со Борел, му кажа дека Брисел треба да ги цени македонските напори

Жарко Настоски

Галовеј: Велика Британија изразува силна поддршка за старт на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија

Ана Ололовска

Владина делегација предводена од премиерот Заев на разговори во Софија во обид за деблокирање на евроинтеграцискиот процес

Ана Ололовска

Заев: Не сум оптимист дека до 22 јуни може да се реши прашањето со Бугарија

Ана Ололовска

Засилена дипломатска активност за деблокирање на евроинтергацискиот процес, Заев неделава на разговори во Софија

Ана Ололовска