Вархеји: Ќе продолжи интергацијата на Западен Балкан во ЕУ

Од:

Имам добри вести за интергацијата на Западен Балкан во ЕУ. Таа ќе продолжи и ќе работиме уште посилно и напорно да го оствариме тоа. Мора да ги забрзаме процесите и да вметнеме динамика во нив, но истовремено да ги направиме посигурни и поверодостјни за сите нас и за рагионот и за земјите членки, изјави еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување Оливер Вархеји на заедничката прес-конференција со техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Проширувањето, нагласи Вархеји, за новата ЕК е приоритет и не може да работи без поголемо влијание во регионот.

– Мора да работиме врз основа на процената дека Северна Македонија и Албанија се подготвени за почеток на преговори. Нема промена во тој став и ќе се држиме до таа првична процена дека мора да почнеме пристапни преговори со овие две земји. Тоа значи дека треба да имаме позитвина одлука од Советот за отворање на пристапните преговори пред Самитот во Загреб годинава, изјави еврокомесарот Вархеји.

Тој посочи дека ќе имаат многу работа во следните месеци, кога ќе треба да се унапреди процесот на проширување.

– Новиот пристап мора да биде сигурен и попредвидлив, и ќе мора да биде малку пополитички и објективен, но и со поголема динамика. Тоа се принципите на кои ги засноваме нашите предлози. Принципите треба да функционираат и за регионот и за нашите земји членки. Сакаме да предложиме отворање на пристапни преговори уште пролетва, но тоа треба да дојде заедно со економски план за регионот. На Самитот во Загреб се надевам дека ќе ја добиеме поддршката на земјите членки за интензивирање на нашето присуство и затворање на економскиот јаз, изјави Вархеји.

Вархеји, посочи дека сакал да испрати порака со неговата посета на нашата земја, која е прва официјална посета на регионот и прва посета надвор од ЕУ.

– Сакав првата посета да ја посветам на Северна Македонија која веќе направи многу за членство и го испорача историскиот Преспански договор, изјави Вархеји.

Тој нагласи дека очекува успешни избори, по кои ЕУ ќе добие сигурен партнер во Владата, посочувајќи дека е клучно спроведувањето на Преспанскиот договор и билатералниот договор со Бугарија, без разлика на тоа која ќе биде следната влада.

– Побарав ЕП да определи награда од 50 милиони евра за постигнувањата и резултатите на земјата во искористувањето на европските фондови. Предлогот очекувам дека ќе добие зелено светло и ќе се овласти исплатата, изјави Вархеји.

Техничкиот премиер Оливер Спасовски, изрази очекување дека средбите и комуникацијата со Вархеји ќе добијат на интензитет, бидејќи како што рече, влегуваме во клучен период за остварување на нашата стратешка цел, членство во ЕУ.

– Се надеваме и со право очекуваме одлука за почеток на пристапни преговори во претстојните месеци, по 15 години во чекалната со статус држава кандидат за членство, изјави Спасовски.

Прес-конференцијата се одржа по средбата на делегацијата на Директоратот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија на Европската комисија, предводена од Вархеји, со владина делегација во која покрај премиерот Спасовски, беа и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, вицепремиерката задолжена за економски прашања и за координација со економските ресори Мила Царовска, шефот на дипломатијата Никола Димитров, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев и министерот без ресор задолжен за дијаспора Едмонд Адеми.

Еврокомесарот Вархеји претходно оствари средба со претседателот на државата Стево Пендаровски, а како што е најавено ќе се сретне и со претседателот на Собранието Талат Џафери, претседателот на СДСМ Зоран Заев, како и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Усвоена заедничка изјава на лидерите на Западен Балкан на Конференцијата на високо ниво „Раст и конвергенција на Западен Балкан”

Џафери на Конференцијата во Тирана: Планот за раст и Заедничкиот регионален пазар се клучни за забрзано членство во ЕУ