Вархеји: Го поздравувам договорот за одржување на изборите на 15 јули

Од:

Го поздравувам договорот постигнат меѓу двете главни политички партии во Северна Македонија за одржување на изборите на 15 јули, напиша на Твитер еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји.

– Важен сигнал за земјава, нејзините граѓани и патот кон ЕУ, овој договор го трасира патот кон слободни, фер и инклузивни избори, коишто ќе бидат набљудувани од страна на ОБСЕ/ОДИХР, напиша Вархеји на својот профил на Твитер.

Претходно денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се договорија изборите да бидат на 15 јули годинава.

Би можело да ве интересира

Вархеји го честиташе изборот на новата Влада

Вархеји и честиташе победа на Сиљановска Давкова: Да ги забрзаме реформите за придвижување на пристапните преговори

A1on

Радев и Вархеји очекуваат да поминат уставните измени веднаш по изборите на 8 мај

A1on

Мртов маж пронајден во својот дом во Кочани

Вархеји: Се надевеме дека сите страни ќе ги поддржат уставните измени со цел Северна Македонија да оди напред

Ковачевски-Вархеји: Македонија треба што поскоро да е дел од ЕУ