Левица: Ванковска влегува во борба за Претседател на Република Македонија

Од:

Во просториите на ДИК, овластениот претставник и раководител на Претседателскиот изборен штаб на Левица, Реџеп Исмаил, денес ја поднесе кандидатурата на претседателскиот кандидат, проф. Билјана Ванковска.

Потсетуваме дека без притисоци, без партиска војска, платени списоци и празни ветувања, и покрај ужасната инфраструктура и услови на ДИК, сепак, активистите на Левица успешно собраа над 10.000 потписи во краток рок, велат од Левица.

Ваквата широка народна поддршка, дополнително ја потврди решителноста на македонскиот народ, да се влезе во борба против политичките елити, против измаќарите на странските интереси и слуги на крупниот капитал и со тоа доби автентичен претседателски кандидат, подготвен да го застапува интересот на народот, интересот на обичниот човек, на работниците, потиснатите и обесправените.

За првпат во современата македонска историја, Македонија ќе добие кандидат за Претседател, подготвен да застане во одбрана на националните интереси на македонскиот народ.

Кандидат, кој цврсто ќе се спротивстави на етно-трибалистичките политики и практики во домашната политика.

Кандидат, кој надворешната политика ќе ја позиционира единствено согласно интересите на својот народ, а не на странските интереси на штета на Македонија.

Очекуваме во најкраток можен рок кандидатурата да биде потврдена од страна на ДИК, по што ќе започне претседателската битка, која ќе донесе свежина на политичката сцена, која ќе предизвика тектонски пореметувања и големи изненадувања, со резултат на огромната поддршка кон претседателскиот кандидат на Левица – проф. Билјана Ванковска, наведуваат од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Под власта на ДПМНЕ, фондовите трупаат станови, а граѓаните се задолжуваат до пензија за еден

(ВИДЕО) Јанчев: 10 години народен отпор против рудниците, а Божиновска ја олеснува инвестициската клима за странскиот капитал

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Божиновска: Ветивте ред во ова енергетско безредие – добивме „бунар без дно“ за богатење на вашите сопартијци

Левица: Сметките ви се високи поради Сања Божиновска – утре ќе одговара за крахот на енергетиката

Левица: Само левата идеја е државотворна

Горан Наумовски

Левица: „Стив Наумов“ веќе се распаѓа со водени ѕидови, расипано парно, пукнати цевки и мизерна храна