Ванковска: Се соочуваме со непринципиелни сопки, бараме еднаква можност да се презентираме

Од:

Кандидатката на Левица за претседател на државата Билјана Ванковска на денешната прес-конференција укажа на недоследности во постапката за собирањето потписи и побара еднаква можност за сите кандидати.

-Ние уште вчера апелиравме дека во неколку подрачни единции на Државната изборна комисија (ДИК) во разни локални средини пристапот до канцелариите е отежнат особено за лица со инвалидитет, повозрасни и слично, таква е ситуацијата во Штип. Ние подготвивме барање, приговор до ДИК кој веднаш ќе го поднесеме. Таква е слична ситуацијата дури и во општината Карпош каде по еден така нагортен пат по едни скалички треба да се искачат граѓаните, прво тешко е да се најде локацијата, но кога ќе се најде има скали кои се тешки за граѓаните кои имаат проблем, добив инфорамација дека токму во Карпош во подрачната единица снемало струја и сега ние треба да веруваме дека тоа е случајно, изјави Ванковска.

Информираше дека од утрово не работела нејзината официјална веб – страна.

-Нашата извонредна веб – страница располага со сите податоци, интерактивна е, но таа од утрово не работи, едната верзија би била дека има многу интерес за Ванковска, па сите кликаат, камо среќа да е така, но другата верзија вели дека ботови веќе почнале намерно да кликаат за да ја оневозможат. Ние сме решени да одиме и по потешкиот пат, тука сметаме на вашата помош во смисла на пренесување на овие сопки кои сметаме дека се непринципиелни затоа што ние се уште не сме никаква закана, а ако некој веќе ме чувствува како закана треба да се запраша јавноста зошто е тоа така, подвлече таа.

Посочи дека Државната изборна комисија немала слух за потребите на помалите политички субјекти.

-Се соочуваме со непринципиелни сопки, апелираме и укажуваме ако треба и порешително ќе настапиме пред јавноста кога ќе забележиме дека постои нешто што се вика саботирање на процесот пред вистински да започне. Накусо, подговени сме да се соочуваме со мал милион проблеми и за таа цел и како пркос ние очекуваме граѓаните навистина да покажат авантуристички политички дух да ни дадат еднаква можност да се презентираме себе си со нашите програми, знаења и визии, затоа што играме во една трка која нема да биде чиста и не е чиста од првиот ден, рече Ванковска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Катка Божиновска: Вреди да се бориме за Тетово!

А1он

Дарко Грујоски – кандидат за градоначалник на Гостивар од Левица: Време е за промена

А1он

Левица: Премиере, наместо манипулации, објаснете зошто не покренувате постапка против Заев и како го амнестиравте Груби

Горан Наумовски

Јанески: Силата е во нас – со чесна работа да го обновиме Крушево

Ѓурчески: Заокружете 6 за иднината која ни припаѓа

Горан Наумовски

Левица отсекогаш била партија на народот, каузата на Левица е борба до конечна победа, истакна Ацков