Вандалски уништен симболот Битола

Од:

Нов вандализам утрово ја потресе Битола. Симболот со буквите БИТОЛА, кој за кратко време стана препознатлив за градот, се најде на илјадници фотографии и беше едно од омилените места за граѓаните и посетителите, вандалски е уништен. Искршени се дел од буквите, оштетени се рефлекторите и металната конструкција, информираат од Општина Битола.

– Во моментов се врши увид на терен , по што ќе се преземат соодветни мерки за санација. Пред само неколку денови, Општина Битола испрати апел до граѓаните да не ги уништуваат јавните добра, откако масовно беше регистрирано уништување на автобуските стојалишта, а претходно и терминал на ЈП Паркинзи, соопштува Општина Битола.

– Жално е што ваквите вандалски појави на уништувања на симболите, кои што се дел од нашата култура на живеење, сè повеќе зачестуваат. Општина Битола повторно апелира на разум и негување на објектите, со цел заеднички и конструктивно да придонесеме за создавање слика за нас, како битолчани, се наведува во соопштението на Општина Битола.

Би можело да ве интересира

Силувано е 12 годишно девојче во Битола – ОЈО води истрага за 36 годишник

А1он

Безживотно тело на битолчанец извлечено од реката Драгор

Поплавени улици во Битола по обилниот дожд во градот

Обвинителството започна истрага за грозоморното убиство во Битола

Убиство во битолската населба Баир, жртвата е млада жена

Катерина Ѓуровски

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот