Ванчо Шехтански: Шилегов да го отстрани двоглавиот орел во Чаир

Од:

Ванчо Шехтански, лидер на политичката партија ТМРО, кој беше функционер во власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ, очекува скопскиот градоначалник Петре Шилегов да постапи по одлуката од февруари 2016, која претходниот градоначалник Коце Трајановски не ја спроведе и веднаш да го отстрани, како што пипшува, споменикот на УЧК, кој е дивоградба во скопската населба Чаир.

„Петре Шилегов, со оглед дека Коце Трајановски како поранешен градоначалник, никако не сакаше да постапи по моето решение од февруари 2016 од позиција на тогашен директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа за уривање на споменикот на УЧК во Чаир, постапи сега ти од позиција на градоначалник по истото, како денес за Ќосето и отстрани ја дивоградбата во Чаир“, напиша Шехтански на неговиот профил на „Фесјбук“.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

Ѓорѓиевски: Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија

Во Скопје 474.304 граѓани со право на глас ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници

Ѓорѓиевски: Чаир ќе добие нов лик, ќе го решиме сообраќајниот хаос и ќе инвестираме во јавната хигиена