Ванчо Санев е кандидат за градоначалник на Штип од ДОМ и ЛДП

Од:

Коалицијата меѓу ДОМ и ЛДП за претстојните локални избори, наречена Граѓанско движење на Центарот, во Штип имаше своја номинација и промоција на кандидат за градоначалник на општина Штип. На собирот учествуваа многубројни симпатизери и граѓани поддржувачи на зелените политики и на либерално-демократските заложби, а зборуваа претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, лидерот на ЛДП, Горан Милевски, како и кандидатот за градоначалник на оваа коалиција за општина Штип, Ванчо Санев.

На промоцијата се претставени генералните насоки на активностите на кандидатот за градоначалник на општина Штип како и главните цели на програмата на Граѓанското движење на Центарот, во чиј фокус е тенденцијата граѓаните да ги почувствуваат општините како вистински единици на локалната самоуправа, како свои општини, а градоначалниците да знаат во кој правец ќе се развива општината и да имаат визија, пред се, за одржлив зелен развој во интерес на блгосостојбата и на здравјето на граѓаните.

„Ние како коалиција сме отворени за соработка со сите граѓански движења, активисти, интелектуалци, експерти и сметаме дека градоначалниците треба да имаат визија за одржлив зелен и сеопшт развој на општината, да обезбедат квалитетен живот и благосостојба за граѓаните,а советниците да бидат чувари на општините и да работат за јавниот интерес” – нагласи меѓу другото, Маја Морачанин. Таа рече дека таков кандидат со големо искуство е токму Ванчо Санев, кој со задоволство го номинира за кандидат за градоначалник на општина Штип.

Во своето обраќање до присутните, кандидатот, Ванчо Санев истакна дека на граѓаните на Штип им се нуди трета опција и дека тој ќе се грижи за подобар живот и ќе работи во интерес на граѓаните, за заштита на животната средина и за обезбедување здрав живот и дека, доколку биде избран за градоначалник, целосно ќе се посвети на реализација на овие цели.

„Ние сме решени на граѓаните на овие избори да им дадеме алтернатива, дека ќе бидеме трета политичка групација која ќе има најголем број кандидатски листи, како за советници, така и за градоначалници. Сакаме целосно да дадеме еден нов концепт, нова визија“ – истакна Горан Милевски на собирот во Штип.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка во Штип: Со автомобил удрил во три паркирани возила, а повредил и пешак

Горан Наумовски

Во Штип се одбележаа 81 година од депортацијата на Евреите во логорот на смртта „Треблинка“

Кривична пријава против 26 лица, го оштетиле Буџетот на општина Штип за над 18 милиони денари

Штипјанец физички ја нападна поранешната девојка и нејзиното момче

А1он

Најдена дрога при претрес на куќа во Штип, меѓу приведените и 22 годишна девојка

А1он

Поради паричен долг млад штипјанец со пиштол пукал во сограѓанин