„Ќе ја постигнете целта, откако ќе го решите прашањето за името со Грција“, јасна порака од претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј до претседателот Ѓорге Иванов.
Ван Ромпуј ги поздрави досега спроведените реформи во , како што рече, Поранешната југословенска Република Македонија и ги охрабрил напорите во врска со слободата на изразување, изборната реформа и меѓуетничките односи.
Со Иванов разговарале и за прашањето за името, при што ја нагласил релевантноста на добрососедските односи во пристапниот процес кон ЕУ и ги охрабрува двете држави да продолжат со преговорите со цел изнаоѓање на заеднички прифатливо решение.
„Се надевам дека сите земји од регионот, вклучувајќи ја и вашата земја господине претседателе, дека ќе продолжат на патот кон ЕУ. Иднината на вашата земја е во Европа“, рече Ван Ромпуј .
Претседателот Иванов, пак, изјави дека на средбата со Ван Ромпуј дискутирале за неговите вчерашни средби со преставниците на Европската комисија и Европскиот парламент. Притоа, македонскиот претседател на Ван Ромпуј му ги пренел очекувањата во Македонија дека се што досега е постигнато ќе биде нотирано во октомврискито извештај на Европската комисија за напредокот на земјата во евроинтеграцијата.
„Оваа политика на блокади што ние најдобро го чувствуваме, не дава резултати, ниту придонес за целиот наш регион да ја живее агендата на евроопската иднина и да почувствува она што е корист од евроинтеграциите, оти тоа е единствен процес кој не принудува доброволно да менуваме институции, навики и како да ја гледаме нашата иднина. Затоа побарав од Ван Ромпуј негов личен анагажман да се надминат овие блокади што долги години ги имаме и да добиеме она што заслужуваме, ни помалку ни повеќе од другите земји што биле со ист статус како и нашиот, рече претседателот Иванов.