Вајгл: Во јуни оваа година треба ЕУ да отвори преговори со Северна Македонија

Од:

Европратеникот од Либералите, Иво Вајгл им честиташе на пратениците за денешното гласање, јави дописничката на МИА од Брисел.

Тој порача дека со гласањето на потребните измени за Преспанскиот Договор во Македонија, а потоа, се надева и во Грција, Европската унија „треба да ги отвори преговорите со Северна Македонија во јуни оваа година, како што и беше ветено на земјата“.

-За земјата која од денес го носи името Северна Македонија, а останува горда татковина на Македонците, Албанците, Ромите и сите други заедници, Собранието донесе историска одлука. Се отвораат вратите за влез на земјата во ЕУ и НАТО, како и перспектива за плодни односи со соседните земји во регионот. Со договорот од Преспа, владите во Атина и Скопје покажаа дека со меѓусебните спорови кои ги оптоваруваат односите можат само да се решат со добронамерни и трпеливи преговори и договори, рече Вајгл.

Тој додаде дека „по тесното гласење во Собранието, пред земјата и политичките лидери сега стои исклучиво важна задача“.

-Конструктивна соработка и помирување во корист на целата држава и сите нејзини државјани е клучна за државата, изјави европратеникот.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Мицкоски: Нема уставни измени, ако треба ќе чекаме децении како што чекаа политичарите од Бугарија да го применат принципот на Живковизмот

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Гаши: Уставот не треба да се отвора ад-хок, ова е сензитивно прашање

Катерина Ѓуровски