В понеделник одлука дали ќе се активира затворската казна за градоначалникот на Ново Село

Од:

Градоначалникот Боро Стојчев во 2010 година сторил кривично дело проневера во служба, за што во 2015 година е осуден со условна казна од 4 години или затворска казна од 2 години во случај да го повтори делото.

Во меѓувреме, Стојчев во месец јули беше уапсен во обид за шверц на цигари, заедно со семејството. Тој беше осуден на казна затвор од 18 месеци, а Апелациониот суд во Штип му ја намали казната на 6 месеци.

Но, ова значи дека Стојчев го повторил делото и затоа во понеделник Кривичниот совет на струмичкиот суд ќе соопшти дали ќе ја активира условната казна за градоначалникот на Ново Село во траење од две години.

Со ова, според законот, Стојчев нема да смее да продолжи со извршување на градоначалничката функција.

Стојчев, како кадар на СДСМ беше избран за градоначалник на Ново село на ланските локални избори. СДСМ не реагираа по апсењето и првостепената пресуда, но по одлуката на Апелација соопштија дека покренуваат постапка за исклучување од членството и побараа Стојчев да си поднесе неотповиклива оставка од функцијата градоначалник.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Обвинителството молчи за нападот на младите во Ново Село, а насилниците од ВМРО се познати

ВМРО-ДПМНЕ: Во случајот во Ново Село не се инволвирани деца, туку возрасни луѓе на Заев, осудени насилници и наркомани

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штерјова: Обвинителството веднаш да ги пронајде насилниците што по налог на Мицкоски ги нападнаа младите во Ново Село

Горан Наумовски

Стоп за топилница на алуминиум во Ново Село – пратениците на Левица го поддржаа протестот

Предраг Петровиќ

Спречен шверц на брендирани часовници: Возачот рекол дека се лекови за болно дете

A1on

ДИК го отфрли приговорот на ВМРО-ДПМНЕ за гласање за градоначалник на Ново Село

Ана Ололовска