(ВИДЕО) Штерјова: Обвинителството молчи за нападот на младите во Ново Село, а насилниците од ВМРО се познати

Од:

Нападот врз младите во Ново Село е кривично дело што се гони по службена должност. Според Законот за кривичната постапка, Јавното обвинителство е должно да постапи штом има сознание – не мора да чека никого да поднесе пријава. Има сознание. Има јавни изјави. Има барања. Има имиња. А Обвинителството – молчи. Државниот јавен обвинител Савески е на „екскурзија“. Тој и онака ретко се јавува кога народот бара правда, вели Кети Штерјова.

– Се јавува само кога ќе го повика Мицкоски – преку медиуми, од собраниска говорница или директно по телефон. Кога граѓаните бараат заштита, Савески или не се јавува, или е на екскурзија и не може. Во меѓувреме, од десетиците што учествуваа во нападот, веќе се познати барем двајца:

• Петар Марков – пратеник на ВМРО

• Наско Димитриев – член на ВМРО и возач на градоначалникот.

Едниот е пратеник. Другиот е човек близок до локалната власт на ВМРО. А Обвинителството сè уште „не знае“ кој ги нападна младите. Ова е свесно одбивање да се заштитат граѓаните кога насилниците се од владејачката структура. Додека Савески е на екскурзија, а Мицкоски на своја, младите остануваат без заштита, а насилниците – без одговорност. Доаѓа време кога и ова ќе мора да се објасни, наглаци Штерјова.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“