Утврдени агендата и динамиката на Работната група за препораките за 24. декември

Од:

Првата седница на Работната група за имплементација на препораките од ад хок комисијата за 24. декември денеска поминала во  конструктивна и позитивна атмосфера. Утврдени се агендата и динамиката за работа на групата која ќе се среќава најмалку двапати неделно, а за своите потреби и поефикасно завршување на задачата ќе ангажира стручна служба од Собранието, но и експерти од Канцеларијата на ЕУ во Скопје.

На двочасовното прво среќавање на членовите на Работната група со договор и со консензус, освен агендата и динамиката, било навлезено и во препораките.

На наредната седница, рече претседателот на групата Илија Димовски, треба да се дефинираат начелните заклучоци за ефикасност на препораките со посебен осврт врз оние со назнаката „итност“.

Има некои приоритети за корекција, но, вели Димовски, не можат да се издвојат посебно Деловникот и Законот за Собранието.

– Со целосениот пакет и да сакаме до октомври не е возможно да стигнеме заради тоа што за многу од препораките ќе треба сериозни и компаративни  искуства така што, не е возможно се да завршиме до октомври. Но, секако дека го имаме во предвид рокот за промовирање или за објавување на извештајот на ЕК и ќе се обидеме нормално во овој нареден период и да покажеме дека навистина политичката волја која што ја кажуваме дека ќе ја преточиме и во конкретни активности, рече Димовски.

Временска рамка за одредени прашања сепак ќе има, рече Неџати Јакупи, кој оцени дека атмосферата во работната група е коректна и конструктивна.

– На постапката за усвојување на буџет која што знаете препораката е да таа биде три месеци пред завршување на календарската година, односно ние ќе треба да имаме измени на Деловникот и на Законот за Собрание пред 1 октомври, рече Јакупи.

Според Игор Ивановски, Комисијата ќе работи на сите препораки и може до есенскиот извештај да заврши поголем дел од задачата. СДСМ, рече тој, е целосно подготвен да ги запаси временските рокови и да се фокусира на препораките.

Би можело да ве интересира

СДСМ: 24 декември е еден од најцрните датуми во нашата демократија, по девет години во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е сменето

24 декември – се заборави и се повтори, одговорност никој не понесе

Наум Локоски

ВИДЕО: Насилно исфрлаше пратеници на СДСМ, сведок за 27 април, се уште го обезбедува Собранието

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Спасовски: 24 декември беше подлога за крвавиот четврток

Наум Локоски

ЦРМ: Одлуката на ЕСЧП е значајна победа во борбата за слобода на изразувањето во Македонија

Ана Ололовска

ЗНМ ја поздрави одлуката на Судот во Стразбур за случајот „Селмани и останати против РМ“

Ана Ололовска