Полицијата го утврди идентитетот на починатото машко лице во центарот на Скопје.
По извршениот увид утврдено е дека станува збор за 52-годишниот скопјанец Перо П. на кого му се слошило додека возел мотор на булеварот „Кочо Рацин“.
Перо починал на лице место, а за жал лекарските екипи кои биле повикани можеле само да ја констатираат смртта.
Неговото тело е предадено за обдукција.