• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Утрово се роди бебе и во ковид-центарот

by А1он01/01/2022 - 12:0001/01/2022 - 15:53659
Share0

Првото бебе родено годинава е машко и е четврто во семејството на Сузана и Горан Стошиќ. Родено е во првата минута од новата година и тежи 3 килограми и 70 грама, долго 50 сантиметри, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, кој информира и за другите настани за време на новогодишната прослава.

Добивај вести на вибер

Филипче потенцираше се родени уште две бебиња, едно во 00:02 часот, додека другото бебе во 5 часот наутро е родено во Ковид-центарот, на мајка која е позитивна на коронавирусот.

– Посакувам да биде здраво успешно бебе. Има 3 килограми и 70 грама, долго е 50 сантиметри. Родено во првата минута веднаш после полноќ, а во втората уште едно бебе е породено. Првото со спонтано породување, второто со цезареа и е женско бебе, 3 килограми и 50 грама, 50 сантиметри и е прво бебе на мајката Симона Петровска. И тоа посакувам да е здраво, понатаму во животот да биде успешно. Има уште едно бебе родено утрово околу 5 часот наутро во ковид центарот, тоа е мајка која е позитивна на ковид. Породувањето поминало без никакви проблеми и тоа бебе и мајката се добри, рече Филипче.

Директорката на ЈЗУ Клиниката за гинекологија и акушерство, Викторија Јовановска рече дека сите деца породени после полноќ се добри, вклучувајќи го и тоа бебе кое што утрово се роди во ковид-центарот.

– По ова како ја поминавме ноќта се се чини дека годината ќе ни биде одлична. Сите деца породени после полноќ се добри вклучувајќи го и тоа бебе кое што утрово се роди во ковид центарот. Исто така и мајката е добра спонтано породена инабрзо ќе замине дома. Двете бебиња коишто се родени едното во 0 часот и една минута е машко, второто е женско бебе во 0 и 2 минути. Првото е спонтано породено, второто е со царски рез. И мајките и бебињата се добри. Се чини дека оваа година ќе ни биде добра и конечно ќе заврши оваа пандемија па ќе можеме слободно да живееме, рече Јовановска.

Министерот Филипче информира дека на Клиниката за токсикологија примени се 17 пациетни, од кои 11 се примени заради состојба на алкохолизираност.

– После соодветниот третман сите се добри, рече Филипче.

Во службата за Итна медицинска помош имало околу 50 повици, во најголем случаи заради пациенти ко се алкохолизирани, помалку пациенти повредени во физичка пресметка и неколку помали и една посериозна сообраќајна несреќа. На Клиниката за инфективни болести се хоспитализирани околу 60 пациенти со КОВИД, 40 од нив се на кислородна поддршка.

bebekovid centar

Би можело да ве интересира

Парична награда за првороденото дете во Берово во 2026 година

Горан Наумовски15/01/2026 - 17:29

Миха е првото бебе родено во Кочани во новата 2026 година

А1он07/01/2026 - 17:14

Млада мајка од Белград е обвинета за обид за убиство на своето бебе

Горан Наумовски26/12/2025 - 21:03

Одреден и е притвор на мајката која го остави своето бебе до контејнер во Земун

Горан Наумовски01/09/2025 - 17:01

Жената која го пронајде напуштеното бебе во контејнер во Земун сега сака да го посвои

Горан Наумовски29/08/2025 - 12:1429/08/2025 - 12:16

Бебе е пронајдено покрај контејнер во Земун: Новороденчето било завиткано во пешкир

Горан Наумовски29/08/2025 - 10:4829/08/2025 - 10:56
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен