Утре расправа за проблемот со лажните азиланти од западен Балкан

Од:

Министрите за внатрешни работи на земјите членки на ЕУ утре ќе разговараат во Луксембург за проблемот со лажните азиланти и суспензија на „Белиот  Шенген“ за земјите од Западен Балкан.

Извештајот на Европската комисија за големото зголемување на бројот на азиланти од земјите на западен Балкан и расправата за воведување механизми за суспензија на безвизниот режим ќе биде прва тема на утрешниот состанок на 27 министри на полицијата, соопштуваат од седиштетето на Европскиот совет.

Претходно беше соопштено дека министрите за внатрешни работи на Германија, Белгија, Холандија, Луксембург, Франција и Шведска бараат итно разгледување на можноста на граѓаните на Србија и Македонија повторно да им се воведат визи за патувањата во ЕУ поради големиот прилив на лажни азиланти.

Дипломати од Брисел, сепак објаснуваат дека никаква одлука по ова прашање нема да биде донесена утре, туку само министрите ќе разменат мислења каков механизам да се спроведе низ комплицираната процедура на европските институции.

Предлогот на Комисијата за воведување механизам за привремена суспензија на Шенгенот познат како и „заштитна клаузула“, веќе една и пол година се наоѓа во процедура , а ќе стапи на сила само ако биде усвоена од Европскиот парламент.

Некои земји под водство на Германија сега вршат притисок заштитната клаузула итно да се проследи во Парламентот, но не го делат сите тоа мислење, велат дипломати од Брисел и додаваат дека многумина сметаат дека не е фер на голем број граѓани да им биде ускратена слободата на движење поради релативно малиот број лажни азиланти.

Gerald Knauss и Alexandra Stieglmayer од независниот институт Европска иницијатива за стабилност го делат ваквото мислење.

„Повторното воведување на визи за земјите од Западен Балкан би била фундаментална и системска грешка“, предупредуваат во критичкиот текст кој денеска беше објавен на бриселскиот интернет портал “Euobserver”.

Knauss и Stieglmayer тврдат дека не е фер од Србија и Македонија да се бара за воведат посебни норми за Ромите кои преовладуваат помеѓу подносителите на барањата за азил, бидејќи со тоа би се официјализирала дискриминација.

„Единствено трајно и ефиксано решение е земјите членки на ЕУ да го реформираат системот за решавање на барањата за азил кај нив“, пишува во текстот под наслов „Популизам во Брисел-како да се реши азилантската криза?“.

Пратеничката во Европскиот парламент Тања Фајон претходно кажа дека заштитната клаузула пред парламентот може да се најде до крајот на годинава, но и дека пратениците се изложени на голем притисок таа да биде усвоена.

 

Би можело да ве интересира

Влезот во ЕУ ќе се наплаќа 7 евра: Нови правила и крај на слободниот премин

Австрија изложена на критики поради издавање визи на руски пратеници кои се под санкции на ЕУ

Косово воведе визи за сите руски државјани, без исклучоци

Зелено светло од ЕУ за суспензија на визната либерализација со Русија

ФТ: ЕУ планира следната недела да го суспендира договорот со Русија за визно олеснување

Литванија сака регионално решение доколку ЕУ не се согласи да ги забрани туристичките визи на Русите