Утре протест пред кривичниот суд за слобода на Филип, основачот на движењето „Зелена Алтернатива“

Од:

Утре, 2 јули во 10 часот пред Основниот суд Скопје 1, членови на „Зелена алтернатива“ организираат мирен протест за слобода за Филип Достовски, основачот на движењето „Зелена Алтернатива“ и едукатор во регионот за лекувањето со масло од канабис. Како што најавуваат организаторите на „Фејсбук“, протестот е и против законот кој ги третира пациентите како криминалци. Тие бараат да се овозможи достоинствен живот и „лекување во слобода и без страв од реперкусии“.

Филип беше приведен, бидејќи полицијата кај него пронашла одредена количина канабис сатива. „Зелена Алтернатива“ смета нема посoодветен момент да се побара декриминализација и легализација на растението, кое, според науката, може да помогне, но никако да наштети. „Канабисот е лековито растение, кое на илјадници граѓани во Македонија им го продолжува животот, но и на стотици им го загрозува поради строгите и неоправдани законски регулативи“, пишува во повикот.

Според организаторите, Законот не прави дистинкција помеѓу дилер и пациент. „Законот вели дека секој граѓанин во РМ кој избрал да се лечи со канабис е криминалец и е во опасност да биде кривично гонет. Нема никаква логика, ниту пак оправдување да се суди некој кој одбрал да се лечи со канабис, свесно кршејќи го законот, за сметка на својот живот. Нема логика да се полнат затворите со пациенти, кои немаат право на избор и немаат легален пристап до својот лек“, пишува во објавата.

„Филип не е дилер, Филип несебично се бори сите ние да се лекуваме поуспешно, Филип е едукатор заради кој сите научивме како да си го сочуваме здравјето, а неброени се случаите каде токму Филип бил разликата меѓу живот и смрт“, пишува на настанот кој се организира на социјалната мрежа „Фејбук“.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Здруженијата бараат легализација, велат марихуаната во Македонија се користи на ангро

Искра Манојлоска

Активистот Достовски доби условна казна: Ќе го повторам делото, оваа пресуда значи дека ќе одам во затвор

Кристијан Ландов

Утре протест пред Кривичен за поддршка на Филип кој прави масло од канабис за да се лекува

(ВИДЕО) Дуковски: Неосновани се аргументите на опозицијата за измените на законот за опојни дроги, бидејќи тие не кажуваат кои сегменти им пречат

А1он

(ВИДЕО) Достовски до Ѓорчев: Дали Австрија и Италија се Колумбија штом дома им е дозволено да садат канабис?

Ана Василевска

(ВИДЕО) Дукоски: Пронајдениот канабис кај Достовски е за третирање на неговата болест, а не за продажба

Ана Ололовска