Утре попладне силен дожд, ветер, грмежи и град

Од:

Времето во Македонија утре претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне, најпрвин во западните делови ќе биде нестабилно, проследенo со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и силни електрични празнења и град, а на места процесите ќе бидат застапени и во форма на невреме.

Температурата ќе се движи од 26 до 37 степени.

Во Скопје претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе биде нестабилно проследенo со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и силни електрични празнења. Температурата ќе достигне до 33 степени.

В четврток и петок ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со нешто посмален интензитет на електрични празнења, но ќе има пообилни врнежи од дожд (на места над 30л/м2 воден талог).

Стабилизирање на времето и пораст на температурата се очекува од сабота.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска