Утре почнува скринингот за Ковид – 19 во основните училишта, побарана согласност од родителите

Од:

Утре почнува тестирањето за Ковид – 19 на учениците во основните училишта кое треба да покаже зошто се зголемени бројките на заразени школски деца. Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести извести дека алармот во основните училишта е вклучен поради зголемениот број заразени ученици, но состојбата не е алармантна. Тестирање во средните училишта, засега, не се планира оти состојбата кај средношколците била стабилна.

„Внимателно ја следиме состојбата во училиштата, одлучивме да почне скринингот при самиот почеток на трендот на покачување на бројките. Утре ќе имаме информации во кои училишта ќе се прави скринингот, потребна е согласност од родителите дека детето може да биде вклучено во скринингот“, рече портпаролот Мехмедовиќ кој очекува преку скринингот да се дојде до реалната состојба за трансмисијата на вирусот во училиштата.

За да им излезе во пресрет на родителите и да го направи тестирањето подостапно Комисијата, сепак, одлучила скринингот да се прави во училиштата.

„Скринингот ќе се одвива во училиштата. Родителите кои денес добиле изјава за согласност нивните деца да бидат тестирани со брз тест нема потреба да ги носат во центрите како што претходно најавивме. Измената е со цел да ги направиме тестовите подостапни“, рече претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски.

Во вторникот Комисијата за заразни болести извести дека последната недела за 120 бил зголемен бројот на новозаразени школски деца во однос на претходната недела, односно од 200, бројот се зголемил на 320 новозарзени деца. Од нив најголем дел се во Скопје, но не во една туку во сите општини.

Комисијата во вторникот апелираше родителите да соработуваат и да дадат согласност за тестирање на децата. Според досегашните најави со скринингот треба да бидат опфатени 1800-2000 деца од целата држава.

Од Комисијата известија и дека од денес на страницата на Министерството за здравство е поставено упатство за лекување Ковид – 19, начин, на кој сметаат дека ќе биде достапно на сите лекари.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Маричиќ и Османи од Брисел: Позитивниот моментум за проширување во ЕУ е шанса која Македонија не смее да ја пропушти

A1on

Маричиќ: Бугарија нема да извади нови барања ако го промениме Уставот до ноември

A1on