Утре почнува седмиот Конгрес на педијатри со меѓународно учество во Струмица

Од:

Утре во Струмица во хотел Сириус ќе се одржи седмиот по ред Конгрес на педијатри со меѓународно учество кој ќе трае до 28ми јуни оваа година, информира Здружението на педијатри.

„Овој Конгрес има за цел да поттикне размена на знаења и искуства помеѓу стручниот кадар од Македонија и Европа во областа на педијатријата, за подобрување на секојдневните практики, начин на третирање и протоколи.

Свои стручни излагања ќе имаат македонски и странски еминентни предавачи кои ќе презентираат новини во педијатријата, што ќе дадат голема важност на овој меѓународен педијатриски собир и ќе користат за понатамошно унапредување на науката во педијатриската медицина.

Покрај стандардните теми од различни области на педијатријата и превентивната медицина, главни теми за овогодинешниот 7-ми Конгрес ќе бидат: пулмологија со алергологија, превентивна педијатрија, неврологија со развојна педијатрија, ретки болести, хематологија со
педијатриска онкологија и неонатологија.“, се наведува во соопштнието на Здружението на педијатри.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Брисел ја блокира евтината руска енергија од идеолошки причини

Орбан: Европа мора да ги укине санкциите врз руската енергија

Намалена видливост поради магла на патниот правец Лисец – Попова Шапка, во Крушево и на планинскиот превој Плетвар

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

МВР го расчисти денешното убиство во Охрид, уапсен 53 годишен жител на Брвеница

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари