Орбан: Европа мора да ги укине санкциите врз руската енергија

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја повика Европа веднаш да ги укине санкциите врз руската енергија за да ја заштити својата економија од една од најлошите економски кризи во нејзината историја, што е последица на војната во Иран.

Како одговор на предупредувањето од полскиот премиер Доналд Туск дека неодамнешните активности на Трамп и Орбан се како „план од соништата на Путин“, унгарскиот премиер ги удвои своите повици за проруска промена во политиката на ЕУ, објавува Гардијан.

„Европа се движи кон една од најлошите економски кризи во својата историја. Светот се соочува со сериозна енергетска криза. Европа е во сериозна опасност. Единствениот излез е да се укинат санкциите врз руската енергија. Веднаш. Не мора да размислуваме за Путин, туку за нашата земја и нашиот народ“, рече Орбан.

Би можело да ве интересира

Орбан предупреди: На Унгарија ѝ се заканува враќање во должничко ропство

Шасивари: Европа е нашата иднина

Аларм во Европа: Над 1.000 случаи на вирусот западнонилска треска, погодени 15 земји

Првиот разузнавач на Путин предупредува: Може да дојде до голем конфликт во Евроазија

Трамп со жестоко предупредување: „По Израел, Иран би ја нападнал Европа“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Аларм во Европа: резервите на гас на минимум, а се најавува исклучително студена зима