Утре пеколни 42 степени, од понеделник конечно заладување

Од:

Утре пеколни 42 степени. Но ако е за утеха, ќе треба да се издржи до понеделник, бидејќи тогаш ќе имаме „само“ 36 степени. Но понеделник попладне ќе настапи наоблачување и ќе биде нестабилно со врнежи. Во вторник максималните дневни температури ќе бидат до 31 степен.

Промената на времето ќе настапи под влијание на постудена воздушна маса од север.

Но и утре Македонија ќе биде во портокалова фаза и степенот на зрачење ќе биде многу висок. Поради тоа и во текот на утрешниот ден треба да се почитуваат препораките и забраната за вршење работа на отворено од 11 до 17.

Во детските градинки децата треба да се изнесуваат на прошетка единствено до 10 часот наутро, да се нуди лесна храна и повеќе течности, да се заштитат од дирекна сончева светлина со ролетни или завеси.

Домовите за згрижување на стари лицатреба да преземат мерки за климатизација на просториите или обезбедување на една ладна просторија (неопходна за портокалова фаза), да се нуди повеќе лесна храна и течности, совети за навремено земање на препорачаната терапија од лекар. Се советува избегнување на дирекна изложеност на сонце од 11 до 16 часот.

Министерството за труд препорача центрите за социјални работи да имаат поголема соработка со единиците на Црвен крст и локалната самоуправа во поактивен пристап и помош на осамени стари лица, социјално загрозени лица и бездомници.

Министерството за здравство, посочи дека мерките за заштита од топлотниот бран предвидуваат ослободување на работните обврски на најранливите групи на населението, како што се – бремените жени и на лицата над 60 години, а во градинките да не практикуваат физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 16 часот.

Се препорачува да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце, заштитни очила и капа, да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна, да се пијат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење.

Хроничните болни лица редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.

Поради високите темепратури и зголемената можност за појава на труењата со храна и цревни заразни заболувања се препорачува задолжително миење на зеленчукот и овошјето пред нивната употреба, храната термички да се подготвува и да се конзумира брзо по подготовката, како и да се избегнуваат производи кои термички не се обработени како мајонези од домашни јајца, а внимателно да се конзумираат сладолед и разни кремови.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска