Утре нова средба на работните групи за законот за јавно обвинителство

Од:

Работните групи на власта и опозицијата утре во Собранието ќе одржат нова средба за законот за јавно обвинителство, потврдија од Министерството за правда.

Според лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на СДСМ не му одговара да се донесе законот за јавно обвинителство и го кочи целиот процес, затоа што СДСМ, како што изјави „сака да имплементира правно насилие во пресметката со политичките неистомисленици“.

Премиерот Зоран Заев, пак, смета дека работните групи не се далеку од постигнување договор за законот за јавно обвинителство. Тој е оптимист и е подготвен да седне повторно со Мицкоски на маса, но откако преговарачките тимови ќе направат чекор напред.

Утрешната средба на работните групи за законот за јавно обвинителство е прва по лидерската средба на Заев и Мицкоски која се одржа на почетокот на овој месец и од која не произлезе никакво решение.

Би можело да ве интересира

Го киднапирале, го тепале и му се заканувале со убиство за да признае силување

Притвор за битолчанецот осомничен за детска порнографија

А1он

Битолчанец вработен во образовна установа осомничен за дистрибуција на детска порнографија

Реакција на ССНМ и ЗНМ: Повикот на ОЈО за „воздржаност“ може негативно да се протолкува

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Процесот против полицајците за „Пулс“ ќе продолжи, реагира Обвинителството по промената на Трајчева

Катерина Ѓуровски