Процесот против полицајците за „Пулс“ ќе продолжи, реагира Обвинителството по промената на Трајчева

Од:

По последните одлуки на Советот на јавни обвинители за избор на обвинители во ОЈОГОКК, Јавното обвинителство веќе ги презеде сите потребни чекори за да овозможи ефикасност и непречено водење на сите тековни постапки. Ниту еден почнат процес, како што соопшти денеска, нема да трпи неоправдано одолговлекување или усложнување, а во судница ќе има јавен обвинител подготвен да го застапува обвинението.

-Јавното обвинителство е единствен орган и евентуална промена на јавен обвинител во текот на водењето на предметите, што може да се случи од најразлични причини, не се одразува врз динамиката и начинот на водење на постапките. Промената на обвинител судот ја нотира, а судењето продолжува онаму каде што запрело, односно нема никаква потреба за повторување на постапките, наведува Јавното обвинителство .

Јавното обвинителство апелира на внимателно и одговорно јавно коментирање и информирање на јавноста, особено за предметите поврзани со кочанската трагедија, бидејќи, како што истакнува, сите јавно изнесени шпекулации и невистини за тоа како промената на јавен обвинител би можела да се одрази врз постапките кои се во тек, длабоко ги вознемируваат семејствата на жртвите, но и целокупната јавност.

-Воедно, упатуваме повик до Здружението на новинари и до другите професионални организации да апелираат и да го гарантираат почитувањето на етичките стандарди за известување и воздржаност при јавно коментирање на вакви трагедии за да не се дозволи неосновано зголемување на болката и страдањата, односно нова виктимизација на најпогодените од овој трагичен настан. Апелираме и до сите останати повикани јавно одговорни чинители да придонесат за ефикасност на постапките, но и за одмереност во јавните настапи и коментари каква што налага сериозноста на последиците и колективната траума предизвикана од пожарот во „Пулс”. Имајќи ја предвид сериозноста на овој настан, сите јавни личности кои имаат општествено влијание треба да внимаваат да не предизвикуваат неоснован немир во јавноста преку изјави, објави на социјални мрежи или која било друга форма на јавно изразување која би била вознемирувачка. Како држава, на повредените и на семејствата на жртвите, но и на сите граѓани, им должиме законита и достоинствена судска постапка која ќе ги даде одговорите и очекуваната правда. Јавното обвинителство презема се што е во негова надлежност за тоа да го испорача, без непотребни одолговлекувања и усложнувања, наведува Јавното обвинителство.

Би можело да ве интересира

На Богородица фатен Србин со 5000 штеки цигари, Обвинителството бара притвор

Ја тепал со боксови и клоци, се заканувал дека ќе ја запали куќата, Обвинителството бара притвор за гевгеличанец

Работник ги нападнал газдите со нож заради неисплатени дневници

Катерина Ѓуровски

Загадена вода преку пумпите на „Комуналец“ влегла во главниот водовод, Обвинителството објави детали

Ленче Ристоска: Не е точно тврдењето на државниот обвинител Савески дека предметот „Талир 2″ ќе беше во мое надлежно постапување доколку не поднесов оставка

Предраг Петровиќ

Британец фрлал камења кон даночни контолори кај „Камени кукли“, сопруг е на Стојна која се поврзува со спорот околу локалитетот

Катерина Ѓуровски