Продолжи судењето на деветтемина полицајци за пожарот во „Пулс“

Од:

Со произнесување на судијката Ленка Давиткова, за предлози на дел од одбраната во доказна постапка, денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето против деветтемина обвинети полицајци за злоупотреба на службената положба и овластување во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Според обвинителниот предлог, лицата не ја извршиле службената должност, не извршиле целосна и детална проверка во врска со издавање позитивна согласност за издавање лиценца за вршење угостителска дејност на кабаре „Пулс“ во Кочани.

Сведоци прифатени од страна на Судот, треба да бидат повикани да сведочат на 17 ноември. На 14 ноември пак, најавено е да бидат изведени материјални докази од страна на одбраната.

Во пожарот во „Пулс“ за време на настапот на групата ДНК, што се случи во раните утрински часови на 16 март 2025 година, животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени и пренесени во здравствени установи низ земјава и странство. Ова е една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата.

Би можело да ве интересира

Обвинителството го отфрли предлогот Дејан Јованов и неговиот син да бидат сослушани како сведоци на судењето против деветмината полицајци за „Пулс“

Сведоци на одбраната тврдат дека полицајците помагале по пожарот во „Пулс“

Катерина Ѓуровски

Купот луѓе заглавени на влезната врата бил до главата на пожарникарот кој сведочеше за „Пулс“

Побаравме помош од полицаец за да внесеме повреден во кола, не одби – рече сведок на судењето на полицајците за „Пулс“

Судењето на 13 полицајци за „Пулс“ почна од почеток поради промена на Судечкиот совет

Катерина Ѓуровски

Дејан Јованов не ја давал на увид лиценцата за работа, а пристапот бил блокиран од возила, сведочи инспекторка

Катерина Ѓуровски