Го киднапирале, го тепале и му се заканувале со убиство за да признае силување

Од:

Побаран е притвор за двајца од демиркапиското село Корешница осомничени за грабнување, информираа денеска од Обвинителството. Оттаму појаснија дека Основното јавно обвинителство Кавадарци донело наредба за спроведување истражна постапка против две лица од селото Корешница, општина Демир Капија, за кои постоело основано сомнение дека биле соизвршители во кривично дело – грабнување согласно член 141 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Според соопштението на Обвинителството, двајцата осомничени, на 12 април, заедно извршиле грабнување на лице со намера да го присилат да сними изјава со признание дека ја силувал сопругата на првоосомничениот 37-годишник. Неговиот соизвршител, 30-годишник од истото село, при грабнувањето употребил и пиштол, кој го репетирал и со кој му се заканил на оштетениот.

– Тие го качиле оштетениот во автомобил од дворот на неговата куќа во Неготино и се упатиле по стариот пат кон Демир Капија, а за цело време му се заканувале по живот и го удирале со боксови. Го фрлиле мобилниот телефон на оштетениот и му ставиле црни ќеси на главата за да не гледа каде го носат. Кога стигнале во шума, го извадиле од возилото и го терале да слуша аудио снимки и да признае дека тој е сниманото лице, но оштетениот за цело време негирал. Поради тоа, двајцата осомничени му се заканувале дека ќе го силуваат и ќе го убијат, па го удирале со боксови и со пластична цевка, нанесувајќи му тешки телесни повреди, појаснија од Обвинителството.

Меѓутоа, пред да му го фрлат мобилниот телефон, оштетениот успеал да прати порака за помош во полиција, а и соседите го виделе како влегува во возилото.

Врз основа на овие информации, полицијата ги идентификувала грабнувачите и ги контактирала, а тие дознавајќи дека се откриени го однеле оштетениот во полициската станица во Неготино.

– Бидејќи станува збор за тешко кривично дело за кое е предвидена казна затвор од најмалку 4 години, јавниот обвинител процени дека постои основан страв дека осомничените ќе се дадат во бегство или ќе извршат ново кривично дело доколку се бранат од слобода, па до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, споделија од Обвинителството.

Би можело да ве интересира

Во јајца спакувала дрога и се обидела да ја внесе во Идризова при посета на сопругот

Катерина Ѓуровски

Притвор за скопјанецот кој со шлаканици, клоци и со мобилниот телефон ја тепаше екс партнерката

А1он

Телото на убиената на обдукција. ќе се вештачат траги и докази – Обвинителство за случајот во Битола

Серискиот убиец од Старо Нагоричане осомничен за уште две убиства и два обиди за убиство

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Обвинителството не нашло докази за криминал во набавките на мазут за ТЕЦ Неготино