Четворицата лидери на политичките партии утре најверојатно повторно ќе имаат средба во Клубот на пратеници за излез од кризата.
Во соопштенијата кои беа испратени по последната середба од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ беше наведено дека „лидерите на главните политички партии ќе се состанат за да ги продолжат дискусиите за конкретна организација на Владата што ќе ги подготви изборите“.
Груевски на минатата средба во понеделникот го претставуваше владиниот план за примена на препораките што се однесуваат на системски реформи во областа на владеење на правото, што е потребно да се спроведат согласно точката 6 од договорот од втори јуни. Груевски во неколку наврати повтори дека не сака да се повлече од премиерската функција, додека СДСМ останува на ставот дека влада со Груевски не може да спроведува избори.