Утре не очекува сончево и топло време, попладне се можни локални поројни дождови

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне со локален пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од шест до 12, а дневната од 18 до 29 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне со локален дожд. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер.

Утринската температура ќе достигне до девет, а дневната до 28 степени.

Во петок и во недела ќе биде променливо нестабилно со локален пороен дожд и грмежи на повеќе места, особено на северот и истокот од земјава. Во сабота не се очекуваат врнежи, но ќе дува повремено засилен северозападен ветер кој ќе донесе осетно спуштање на дневната температура. Пооблачно и ветровито со северен ветер ќе биде и во понеделник, кога под влијание на нов влажен бран врнежи од дожд се очекуваат насекаде низ земјава.

Би можело да ве интересира

На 25 октомври почнува зимското сметање на времето – стрелките на часовникот се поместуваат еден час назад

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он