Утре многу студено, температурата до -15 степени

Од:

Утре наутро ќе биде многу студено, речиси насекаде температурата ќе се спушти под -10, а на некои места и под -15 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во текот на ноќта почнувајќи од запад ќе има врнежи од снег, кои до петок претпладне на некои пониски места ќе поминат во дожд, а локално ќе има и појава на замрзнат дожд (дожд што замрзнува при допир со тлото и ја зголемува опасноста од лизгање).

Во петок попладне врнежите насекаде ќе бидат од дожд.

За време на викендот се уште ќе има слаб локален дожд, но ќе настапи значително затоплување што ќе услови нагло топење на снежната покривка.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски