Утре ќе се гласа за обвинителите предложени од Јанева

Од:

Советот на јавните обвинители за утре ја закажа седницата на кој ќе ги разгледува плановите на специјалната обвинителка Катица Јанева и листата на обвинители кои ги предложи.

Информацијата дека е закажана седницата, следува по соопштението што амбасадите на САД и ЕУ го пуштија до медиумите каде е посочено што е можно побрзо да се овозможат условите за канцеларијата на Јанева да почне со работа.

На седницата ќе има само две точки – разгледување на општиот работен, персонален и финансов план на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите и избор на јавни обвинители предложени во листата на кандидати за јавни обвинители во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите.

Понеделник е последниот рок до кога Владата „е обрзана да обезбеди финансиски средства за непречена работа на Јавното обвинителство“. До понеделник и Министерството за правда треба да обезбеди „комплетни просторни услови“ за работа на Специјалното обвинителство.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

СДСМ: Многу скоро ќе ја видиме Јанева како оди по емисии на владините медиуми, по поткасти и по порталите од кујните на ДПМНЕ

Јанева е на условен отпуст, го напушти казнено-поправниот дом „Идризово“

Горан Наумовски

Пандов: Јанева има право пак да побара да работи надвор од затворот, нека побара

Катица Јанева го загуби правото да работи надвор од затворот „Идризово“

Катерина Ѓуровски

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Пендаровски одби да ја помилува Катица Јанева

A1on